ТемирБек
к записи "Иванов приносит победу над «Работничками»для Светлаков:« Екипата на Иртиш Павлодар од Казахстан го совлада Работнички со 1-0 во пријателскиот натпревар одигран денеска во Анталија. Казахстанците единствениот погодок на мечот го постигнаа во 35 минута, благодарение на Иванов, и лошо поставената офсајд замка. Ова воедно беше и последна контрола за Работнички по двонеделните подготовки во Анталија, на кои одиграа пет пријателски натпревари против Делта Тулчеа (1-0), Неман Градно (1-0), Олимпик Доњецк (1-2), Арсенал Киев (0-0 прек.) и денешниот против Иртиш Павлодар (0-1). Денеска беше последниот ден за престој во Анталија, а веќе утре Работнички се враќа за Скопје, каде ќе ги доврши подготовките за пролетниот дел од шампионатот. На денешниот меч Работнички настапи во состав: Маџовски, Богдановиќ, Живковиќ, Василев, Лазаревски, Тодоровски, Велковски, Газиев, Чои, Маневски и Ступиќ во првиот дел, а во второто полувреме шанса добија и: Глигоров, Најдовски, Мицевски, Настевски, Пандовски, Велкоски, Брдаровски, Ангелов и Петровиќ. Единствени кои не настапија на овој меч беа резервниот голман Шишковски и Аврамовски. »...":
спасибор зак информационка)))